Костески: Го одигравме најлошиот меч на СП, мора да се кренеме после ова

Ненад Костески беше најдобар стрелец на Македонија, но нашиот национален тим доживеа висок пораз во дуелот со Јапонија (22-31) за крај на групната фаза. По мечот, крилото истакна дека овој натпревар бил најлошиот на нашиот национален тим на ова СП.

„Се подготвуваме за Јапонија, ни значеше кое место ќе завршиме во групата. Не знам што се случи, одигравме катастрофално, најлошиот меч на СП беше овој со Јапонија. Противникот не надигра, дефинитивно. Сега за нас следи Португалија, вкрстуваме со нив. Останува да ги подигнеме главите горе и да се подоготвуваме најдобро. Мора со Португалците да го одиграме најдобриот натпревар на ова СП ако сакаме наредна фаза“, изјави Костески.

Во осминафиналето Македонија вкрстува со Португалија, која игра одличен Мундијал. Подобриот од овој натпревар меѓу најдобрите осум оди на Франција или Норвешка.