• Горан Упале

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Никола Костески продолжува со одличните партии во Австрија.
Откако минатата сезона беше еден од најдобрите ракометари на Линц, во оваа има нов предизвик и ефикасно ја отвори новата ера, носејќи го дресот на Холабрун. Во вчерашниот натпревар против Кремс, Костески беше најефикасниот ракометар и со осум гола од исто толку обиди го водеше својот тим до убедлива победа од 33-23.
Поранешниот член на Металург и Татран Прешов го доби и првото индивидуално признание во новиот клуб, откако беше избран за играч на натпреварот. Неговиот соиграч и исто така поранешен репрезентативец на Македонија, Влатко Митков мечот го заврши со два постигнати гола.
Костески ова лето имаше понуди да се пресели во неколку екипи од Бундеслигата и Европската лига, но поради проблеми со документацијата понудите не се реализираа.