Костески блеска во Австрија, со седум гола за Линц е избран за играч на натпреварот

Екипата на Линц по двата минимални порази на стартот од сезоната синоќа се избори за првиот бод на своето конто, откако како гостин одигра 23-23 против тимот на Вест Виена.

Иако имаа негатива од 13-9 по првите 30 минути, ракометарите на Линц предводени од нашиот интернационалец Никола Костески во вториот дел успеаја да го сопрат домаќинот и на крај да се изборат за заслужено реми.

Привремениот репрезентативец на Македонија повторно одигра одлична партија и со седум гола, сите од игре, беше најдобар стрелец на својот тим, а воедно беше и прогласен за играч на натпреварот.

Во претходните две кола Костески  беше перфектен против Грац (пет од пет), додека против Фиверс имаше четири гола од пет обиди.