• Горан Упале

Новиот македонски суперлигаш Младост се раздели со еден од голманите. Член на повратникот во ракометната елита повеќе нема да биде Кристијан Костадиновски.
24-годишниот чувар на мрежата, висок 190 сантиметри, по една сезона го напушта клубот од Богданци и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во странство. За неговите услуги пости интерес од неколку клубови од Босна и Херцеговина како и од Италија.
Костадиновски со своето искуство и квалитет беше меѓу најзаслужните за големиот успех на Младост и кам-бекот во Суперлигата. Во својата кариера битолчанецот уште има настапувано во екипата на Радовиш, како и во матичниот Пелистер.
