• Мартин Танасковски
Македонскиот кружен напаѓач Костадин Петров ќе има нов предизвик затоа што се договори со тим од Романија.
Се работи за екипата на Сучеава, екипа која лани испадна од најквалитетниот романски шампионат. Петров настапуваше во Шпанија, каде го носеше дресот на Гвадалахара од АСОБАЛ-лигата, но по финансиските проблеми, клубот се раздели со неколку првотимци.
„Имав понуди од неколку македонски клубови, но се одлучив за меѓународен предизвик. Клубот е добро организиран, има големи амбиции и мислам дека не погрешив во изборот“, ни изјави Петров.
За кружниот напаѓач ова ќе биде втора странска авантура. Претходно, тој настапуваше за Пелистер, Металург, Радовиш, Куманово, Овче Поле, Драчево, Борец.