Костадин Петров му се приклучи на Алушовски во Тор

Македонската колонија во Исланд следната сезона ќе биде побогата за уште еден ракометар, затоа што Костадин Петров официјално му се стави на располагање на Тор.

Македонскиот репрезентативен кружен напаѓач, Костадин Петров, по настапите во Романија и Шпанија, ќе заигра и во трет европски шампионат надвор од Македонија. Тој се обврза на договор на една сезона, со опција за договор за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.

Велешанецот Петров, освен за матичниот Борец, настапуваше за Радовиш, Куманово, Металург и Пелистер во македонскиот шампионат, за романската Сучеава и шпанската Гвадалахара и кратко во Вардар 1961.

Петров веќе пристигна на Исланд, а првото нешто кое го направи е потпишување на договорот со Тор.