• Мартин Танасковски
Македонскиот кружен напаѓач Костадин Петров ќе има нов предизвик затоа што се договори со тим од Романија.
Се работи за екипата на Сучеава, екипа која лани испадна од најквалитетниот романски шампионат. Петров настапуваше во Шпанија, каде го носеше дресот на Гвадалахара од АСОБАЛ-лигата, но по финансиските проблеми, клубот се раздели со неколку првотимци.
Сучеава ги претстави новите засилувања, донесе вкупно седум имиња, а за македонскиот кружен напаѓач се пишува дека е најзвучното од нив. Рамо до рамо со Петров кога се работи за квалитетот е Стефан Григораш, голман кој дојде од Динамо Букурешт.
За кружниот напаѓач ова ќе биде втора странска авантура. Претходно, тој настапуваше за Пелистер, Металург, Радовиш, Куманово, Овче Поле, Драчево, Борец.