Косово ја победи Украина и сонува за историско Европско првенство!

Ракометната репрезентација на Косово дојде до победа над Украина (31-30) во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2026 година и застана на третата позиција која носи можен пласман на собирот.

Со головите на Егзон Ѓука и капитенот Валон Дедај во последните минути од натпреварот, Косово ги совлада Украинците и со оваа победа продолжи да сонува за прв настап на европскиот ракометен собир на најдобрите селекции. 

По првото полувреме, резултатот беше 16-12 за Косово. Репрезентацијата ќе игра повторно против Украина во недела, на неутрален терен во Клаипеда, Литванија, па доколку пак забележи ваков успех, шансите за место на ЕП 2026 ќе бидат енормни.

Најдобрите две селекции во секоја група одат на ЕП 2026, како и четирите најдобри третопласирани во осумте групи.