• Горан Упале

Еден од најдобрите млади леви бекови Сергеј Марк Косоротов, оди чекор погоре во својата кариера. Имено, 23-годишниот руски ракометар дресот на полски Висла Плок ќе го замени со тој унгарскиот Веспрем од летото 2023 година.
Косоротов две сезони со успеси го носи дресот на тимот предводен од Чави Сабате и за очекување беше ваквиот расплет и негово заминување во поголем клуб. Тој во Висла се пресели од редовите на Чеховски Медведи и помина четири сезон - помеѓу 2017 и 2021 година.
Рускиот лев бек во досегашниот дел од Лигата на шампионите постигна 33 гола на осум натпревари. Косоротов се очекува да биде големо засилување за бековската линија на унгарскиот тим, кој на крајот од актуелната сезона ќе се раздели со искусниот српски бек Петар Ненадиќ.