Коронавирус во ЕХФ – ждрепката за Европската лига одложена!

Поради позитивен случај на коронавирус во своите редови, Европската куќа на ракометот утрово информираше дека најавената ждрепка за групната фаза од премиерното издание на Европската лига нема да се одржи денес, во планираниот термин од 11:00 часот. 

Причината за ваквата одлука на Европската ракометна федерација е фактот што членот кој е задолжен за спроведување на протоколите меѓу кои и ждрепката закажана за денеска е заразен на вирусот ковид-19.

Тоа значи дека сите останати членови на ЕХФ со кои бил во контакт во последниот период ќе мора да заминат во изолација, па така за денес нема услови да се одржи најавената ждрепка. 

Така, ЕХФ ја презакажа ждрепката за утре, што значи дека македонските претставници во групната фаза на Европската лига, Металург и Еурофарм Пелистер,  ќе почекаат уште 24 часа за да ги дознаат своите противници. 

Најнови вести од
Европска лига (М)