Корди: Сакаме победа во Струмица

Хрватскиот вице-првак Нексе од Нашице е последниот предизвик, воедно и шанса за МАКС Струмица сезонава за првпат да дојде до победа во СЕХА лигата. Сепак по целиот плен во Струмица е дојден и противникот, нешто за што во пресрет на мечот го посочи тренерот Зденко Корди.

„Од првото до последното коло имаме иста цел- го респектираме секој противник и во секој меч одиме на победа, па така размислуваме и во пресрет на дуелот со МАКС Струмица. Секој противник, особено на свој терен го дава својот максимум. Нашиот противник во последното коло против Веспрем одигра многу квалитетно. Тие против нас сигурно ќе бараат позитивен резултат, што за нас е дополнителен мотив. Имаме доста здравствени проблеми, но мислам дека се ќе биде во ред, нема ништо посериозно“, изјави Корди.

Дуелот помеѓу МАКС Струмица и Нексе на програмата денес со почеток од 18.00 часот во салата „Парк“ во Струмица.