Коралес МВП, најмногу ракометари на Барса во „ол-стар“ тимот на Супер Глоуб

Екипата на Барселона по пет години одново е светски клупски шампион, откако во финалето на Супер Глоуб во Египет ја доби драмата со Веспрем. Каталонскиот гигант славеше по осумдесет минут, откако во регуларните шеесет и дополнителните две по пет, резултатот беше израмнет.

Само половина час по доделувањето на медалите, ИХФ ги објави и индивидуалните признанија. За најкорисен ракометар е избран голманот на Веспрем, Родриго Коралес. Во „ол-стар“ тимот се најдоа тројца ракометари на Барса и по двајца од Веспрем и Магдебург

„Ол-стар“ тимот на Супер Глоуб:

За најдобар стрелец е прогласен асот на Веспрем – Уго Деска.