• Зоран Мишевски
Македонската колонија во Констанца не успеа по ланскиот Куп да ја освои и титулата првак на Романија. Екипата која ја води Звонко Шундовски, за која настапуваат Никола Митревски и Велко Маркоски, а спортски директор е Бранислав Ангеловски, загуби со 2-0 во финалната серија од Динамо Букурешт, кој следната сезона ќе ја претставува Романија во Лигата на шампионите.
Екипата од главниот град пред неколку дена направи брејк со победата во Констанца, а попладнево со победа во вториот дуел пред своите гледачи со вкупни 2-0 ја заврши серијата. Изненадувачки убедливо Динамо Букурешт славеше со 19-33 и прв мина низ целта низ романскиот маратон за титула.
Динамо Букурешт и по четврти пат го крена победничкиот пехар во романската лига. ЦСМ Букурешт на Гоце Георгиевски го освои четвртото место, откако загуби од Турда со 2-0 во серијата за третото место во шампионатот.