Констанца откажа во последен момент, Пролетер ќе ја замени на Струшкиот турнир

На само една седмица до стартот, традиционалниот Струшки ракометен турнир ќе претрпи промени, затоа што својот настап го откажа екипата на Констанца.

Иако се очекуваше тимот предводен од нашиот стратег Звонко Шундовски да пристигне во Струга, сепак, организаторот на турнирот во последен момент мораше да бара замена за романскиот вицешампион. 

За среќа, замената веднаш беше пронајдена и на местото на Костанца влета Пролетер, новиот учесник во Првата српска лига. Покрај Пролетер, на овој турнир ќе настапуваат уште Еурофарм Работник, Бутел и Струга од Македонија, како и грчки АЕК и шведска Есклистуна.

Турнирот на „Женска плажа“ на програмата е од 14 до 17 август, а наскоро треба да се објави и составот на групите и натпреварите.