
Тимот на Доброгеа Суд од Констанца, каде тренер е Звонко Шундовски, спортски директор Бранко Ангеловски, а на теренот настапуваат Велко Маркоски и Никола Митревски, загуби со 31-26 од Динамо Букурешт во Букурешт во меч од романскиот Суперкуп и отворањето на новата сезона.
Тимот од Констанца водеше на полувреме со 16-17, но во продолжение немаше сили да се бори со шампионот. Преку Вујовиќ стигна и до +3, 20-23 на петнаесетина минути до крајот на средбата, но шампионот имаше повеќе енергија.
Динамо преку разиграните Актринеи и Негру, не само што направи комплетен пресврт, туку на крајот и победи убедливо. Тимот од Букурешт даде дури 11 голови, а прими само три и славеше со 31-26.