Конкуренција за Манасков: Дали е ова голот на сезоната во ЛШ? (ВИДЕО)

Борут Мачковшек го даде еден од најубавите голови оваа сезона во Лигата на ракометните шампиони. Во поразот на неговиот ПИК Сегед од Магдебург (28-35), словенечкиот бек даде страшен гол.

Акцијата тргна од девет метри, Мачковшек прво направи ролинг, а потоа и кога дојде на шест метри направи уште една пируета и без гледање ја погоди противничката мрежа. 

Овој гол е еден од најубавите сезонава, па со сигурност Мачковшек ќе му биде конкурент на Дејан Манасков за неговиот погодок против Барселона во групната фаза.