Конечно среќата да биде на нивна страна, Металург го надигра Партизан во „Кањижа Купот“!

По неколкуте несреќни порази на претходните натпревари, ракометарите на Металург, конечно одиграа комплетен меч и ја запишаа првата победа во подготвителниот период.

Ако на турнирот во Чехов во самиот финиш останаа без успех на дуелот со Стеауа, а истото им се случи и на турнирот во Србија против Рамат Хашарон и од Нексе Нашице, попладнево избраниците на Дамир Стојановиќ не дозволија нова лоша завршница и извојуваа заслужена победа на дуелот против Партизан (28-23)

Иако без неколку стандардни првотимци и со само еден голман (третиот Мијатовиќ), тимот од Автокоманда тргна сигурно и по минималната предност на „црно-белите“ ја презеде иницијативата и водството и не го испушти до самиот крај. 

На полувреме се замина со минимални 12-11 за Металург, но во вториот дел од минута во минута се зголемуваше водството на македонскиот тим кое на крај застана на пет гола разлика (28-23).

Најдобар стрелец во Металург повторно беше Мице Шилегов, со седум постигнати голови.

Металург од Кањижа ќе замине вечерва и ќе преспие во Лесковац, каде утре, со почеток во 17.30 часот, ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Дубочица. Веднаш по тој натпревар Металург ќе се врати во Скопје