• Иван Димовски

Ракометарите на Тиквеш 2014 славеа во претпоследниот натпревар од суперлигашкиот плеј-оф против ГРК Охрид (28-22), со што останаа во игра за излез во Европа.
Во завршницата на натпреварот, крилниот ракометар на кавадарчани, Дарко Кондев изведе нова мајсторија. Својствено за себе, Кондев украде топка и истрча контра, а кога излета пред голот изведе акробација.
- Атрактивниот погодок на Кондев против охриѓани:
Вртејќи се, шутна свртен со грб и го даде можеби најубавиот погодок на натпреварот. Овие погодоци веќе се препознатливи за Кондев, кој и во минатото изведуваше слични атракции.