• Зоран Мишевски
Веќе со недели интензивно се работи во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Еден од главните услови кои недостигаше веќе е исполнет. Битолчани се пофалија дека го решија долгогодишниот проблем со осветлувањето.
Имено, недостигаше светлина до потребниот број на лукса за одигрување на спортски натпревари и комплетно е променет системот на осветлување, па сите спортски или културни манифестации во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одбиваат под оптимална светлина.
Следува санација на санитарниот чвор, уредување на таванскиот простор и помошните простории, како и на паркингот пред спортската сала. Битолчани се опптимисти дека ќе добијат „зелено светло“ за настап во СЕХА лигата и Лигата на шампионите на домашен терен.
Новата сезона започнува на 4 септември, а во првото коло од СЕХА лигата во Битола, Еурофарм Работник го пречекува Пекинг Спорт.