ВИДЕО: Компилација за сите ракометни фанови - најубавите голови на Хансен во 2018 година

Микел Хансен

Светската ракометна федерација (ИХФ) пред неколку дена го потврди она што ракометните фанови од поодамна го очекуваа.

Капитенот на Данска и членот на ПСЖ. Микел Хансен, се закити со титулата „Најдобар ракометар за 2018“. Ова за него е трето признание во кариерата со кое се израмни со легендарниот Никола Карабатиќ.

Светското првенство пред своите гледачи, 31-годишникот го заокружи со златниот медал, прв во историјата на данската репрезентација, а беше и најдобар стрелец и МВП на турнирот.

Клубот, чии бои ги брани од 2012 година, направи компилација од неговите најубави голови во изминатата година кое перфектно ја отслика неговата доминација.

  • Уживајте во видеото кое трае нешто повеќе од шест минути: