ВИДЕО: „Комити“ вторпат за краток период го пречекаа автобусот со своите шампиони

Комити

Ракометарите на Вардар 1961 направија чудесен пресврт во финалето против големиот ривал Еурофарм Пелистер и стигнаа до титула во Купот на Македонија.

>>> Чудесен пресврт на Вардар, Талески донесе Куп-титула за „црвено-црните“!

Избраниците на Давид Дејвис долго време бркаа негатива, а на крај со погодокот на Филип Талески стигнаа до посакуваниот трофеј. Навивачите на трибините во салата „Јасмин“ во Кавадарци придонесоа во спектаклот, а популарните „Комити“ имаа повеќе причини за славје и при кам-бекот во Скопје, кога го пречекаа автобусот со своите шампиони.

Битолчани пропуштија златна прилика да се радуваат на титулата првпат по далечната 2005 година. Тимот предводен од Жељко Бабиќ попушти во завршницата и падна во последните секунди од спектакуларното финале.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија