„Комити“ со порака до вардарци: Тука ќе бидеме и со ПСЖ и со Овче Поле, сè додека... (ВИДЕО)

Европскиот ракометен шампион Вардар забележа нов неуспех во Лигата на шампионите оваа сезона, откако на првиот натпревар во 2020 година загуби убедливо на гостувањето кај Кил (34-23).

Вардарци во „Шпаркасе Арена“ ја имаа поддршката од „Комити“, кои по натпреварот уште еднаш ја покажаа големата љубов кон својот клуб.

„Ние сме биле тука и во „Расадник“, и во „Кале“ и во „Јане Сандански“. Ние ќе бидеме тука и да играте и со ПСЖ, и да играте со Овче Поле. Нас не ни е важно секогаш да победите, сè додека знаеме дека срцата сте го оставиле на терен! А ние... ние секогаш ќе бидеме тука, твоја верна сенка!“, се вели во објавата на „Комити“.

Вардар со новиот пораз остана на шестата позиција на табелата во групата А и сè уште нема обезбедено елиминациона фаза во Лигата на шампионите. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4