Комити: Кога ќе дојдат вакви моменти, убаво е да се сетиме на тимот со карактер!

Вардар доживеа висок пораз кај Киелце (35-25) во Лигата на шампионите, а веднаш по дуелот, со порака се огласи навивачката група на тимот, „Комити“, кои испратија мотивирачка порака.

Од вардаровата армија велат дека во овие тешки моменти, убаво е да се потсетиш на се што направи Вардар во изминатите години, а тоа се три Ф4-турнири и две европски титули и велат дека мора да се верува во овој тим, кој во минатото покажал карактер кога било најтешко.

„Кога ќе дојдат вакви моменти, убаво е да се присетиме на голот на Циндриќ со Барса... Голот на Чупиќ во последна секунда за првата титула Европски првак...Ќе се сетиме на антологискиот кам-бек против Барса по негатива од 8 гола. Ќе се сетиме дека во финале на Веспрем не им дозволивме да ни се приближи повеќе од гол разлика од почеток до крај...

Ќе се сетиме на пречеците на Аеродром и на Плоштад. Ќе се сетиме дека во 3 години закачивме две ѕвезди на нашите дресови!

Ќе се сетиме дека титулите ги освоивме со срце и со карактер, не затоа што тоа беше лесно, туку затоа што беше тешко! Ќе се сетиме дека сите ние Верувавме!“, велат „Комитите“.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4