• Мартин Танасковски

Навивачката група „Комити“ во фан-зоната ја загреа атмосферата пред натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Илјадници навивачи на „црвено-црните“ се пред салата и се подготвуваат за големото дерби.
Со музика, пиво и скара, фановите на Вардар се подготвија за мечот со големиот ривал. Меѓу посетителите и навивачите има и повеќе познати личности, меѓу нив е и голманот на фудбалскиот клуб Вардар, Филип Гачевски, кој е миленик на „Комитите“.
Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер стартува од 18:00 часот.