Коментаторот на ЕХФ за Стоилов: Видете го ова лице! Не сакате да го сретнете во темна уличка!

Еден од творците на пресвртот во Сегедин беше капитенот и лидерот на генерацијата Стојанче Стоилов. Македонскиот репрезентативец постигна неколку важни голови, но најмногу со својот карактер ја подигна екипата кога најмногу требаше.

За менталната сила и лидерската улога на Столе одамна се кажани сите епитети кај нас, а сега и Европа добро знае за нашиот кружен напаѓач. Коментаторот на ЕХФ, Том О'Бранаган, реакцијата на Стоилов по еден негов гол на почетокот од вториот дел ја опиша вака:

„Видете го ова лице! Не сакате да го сретнете во темна уличка!“

Вардаровите навивачи во Унгарија веќе го започнаа своето славје и се предвидува долга ноќ на задоволство во чест на подвигот на Вардар.