• Сашо Поповски
Ракометниот клуб Колштад ќе тргне по стапките на Алборг и ќе се обиде да го собере на едно место најдоброто од норвешкиот ракомет.
Неколку имиња веќе се контактирани. Најзвучно од нив е Сандер Сагосен, кој моментално ја игра втората од три планирани сезони во редовите на Кил.
Покрај него, контакт е остварен и со норвешките репрезентативци Магнус Абелвик Рад и Магнус Гулеруд. На тренерската позиција планирано е да се доведе селекторот на Норвешка, Кристијан Берге. Покрај Норвежани, проектот ќе вклучи и неколку исландски интернационалци.
Оваа и минатата сезона Норвешка во Лигата на шампионите ја претставува Елверум, кој двапати е дел од групата со македонскиот првак Вардар 1961.