Падна митот за непобедливите Германци во Европа по една година

Екипата на Колштад приреди изненадување и се избори за победа над германскиот шампион, Фуксе Берлин (28-24) во натпреварот од десеттото коло во Лигата на шампионите на ЕХФ. 

За домашниот тим ова беше само втора победа сезонава, а до неа стигна со пожртвувана игра во текот на целиот меч. На паузата Колштад водеше со 15-12, а во вториот дел го издржа налетот на гостите и заслужено ги впиша двата бода на своето салдо. Со овој пораз, заврши одличната серија без пораз на германските екипи во елитниот ранг, која траеше повеќе од една година. 

Најдобар поединец кај победничкиот тим беше Магнус Сондена со девет голови, а во таборот на Фуксе Берлин седум погодоци запиша Матес Лангхоф.

Драматичен натпревар одиграа екипите на Веспрем и Спортинг, кој на крајот му припадна на домашниот тим со конечен резултат 32-31.

Хуго Дескат постигна девет гола за Унгарците, а во таборот на Спортинг перфектен учинок имаше Ислаѓанецот Ори Фрејер Поркелсон (8/8).