Колштaд го надигра Динамо, Сегед славенички се враќа од Данска

Ракометарите на Колштaд ја запишаа првата победа во новата сезона во ракометната Лига на шампионите. Убедливиот пораз од Киелце на стартот беше заборавен и норвешкиот шампион со сигурна игра пред својата публика славеше над Динамо Букурешт и ги запиша првите бодови во групата А. Конечниот резултат гласеше 31-28 (17-10).

Најрасположени кај победничкиот тим беа Јепсон и Гудјонсон со по пет погодоци, додека за Динамо се истакнаа Негу со пет и Вујовиќ со четири гола. Сепак, прво име на натпреварот беше шведскиот ветеран Паличка, кој целосно ги „откажа“ Романците.

 За разлика од средбата во Норвешка, во Данска екипите на ГОГ Гудме и ПИК Сегед одиграа крајно возбудлив и ефикасен натпревар, кој заврши со победа на гостите од Унгарија (31-36).

Марио Шостериќ беше незадржлив за домашната одбрана и постигна единаесет гола, а солиден беше и Банхиди со шест. За данскиот претставник на ниво беа Педерсен со осим и Бјер со седум гола.