Колбахер ќе го пропушти стартот на новата сезона поради повреда на лактот

Јаник

Екипата на Рајн Некар Левен во наредните неколку недели ќе мора да игра без Јаник Колбахер.

Кружниот напаѓач се повреди на последната средба против Балинген во рамки од БГВ Купот во неделата. Во финалето тој почувствува болки во лактот и мораше да го напушти теренот.

Прегледите покажаа дека 25-годишникот има мало истегнување на лигаментите поради кое ќе го пропушти почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Колбахер е германски репрезентативец кој игра за „лавовите“ од 2018 година, а претходно беше соиграч на Филип Миркуловски во Вецлар.