Кокшаров: Со триумф над Киелце ќе отидеме многу напред

Македонскиот и европски ракометен првак Вардар се враќа на обврските во Лигата на шампионите. По победата над Мешков Брест, предизвик за „црвено-црните“ ќе биде дуел со полскиот првак Киелце предводен од Талант Душебаев.

Кризата за вардарци е минато, по двата порази од Кил и Веспрем тимот врза две победи. Тренерот на тимот, Едуард Кокшаров, ја најави средбата со полскиот ривал во ракометната елита.

„Дуелот со Киелце ќе биде доста тежок за нас. Ситуацијата во клубот е таква што секоја победа не води напред, а секој меч не враќа назад. Подготвени сме, иако имаме доста повредени играчи. Размислуваме само на победа, а натпреварот ќе покаже што и како ќе биде. Ситуацијата со повредените играчи ја пратиме, ќе видиме на последниот тренинг кој ќе игра а кој не. Желбата кај сите е голема, ама полека ја пратиме ситуацијата“, изјави Кокшаров.

Последниот меч меѓу двата тима беше одигран во Скопје, во рамки на ЛШ и заврши со триумф на Вардар (28-27). Во целост, Киелце има пет победи, додека македонскиот тим триумфирал трипати.

Средбата која е најголемо дерби на колото ќе се игра в сабота, од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4