Кокшаров: Сите беа перфектни, покажавме голем карактер

Вардар и Киелце во дербито на колото го поделија пленот во Лигата на шампионите (28-28), а тренерот Едуард Кокшаров ги сподели импресиите пред медиумите по натпреварот во СЦ „Јане Сандански“.

Рускиот предводник на „црвено-црните“ истакна дека ракометарите биле перфектни на терен и дале се од себе да дојдат до позитивен резултат со Киелце и покрај сите отссутва кои го снајдоа европскиот првак на овој меч.

„Сами видовте дека на овој натпревар сите дадоа се од себе. Овој тим покажа голем карактер, затоа што и покрај сите проблеми, сите беа перфектни на терен. Пред нашата публика сакавме да победиме, но ги немавме високите играчи во бековските линии. На крајот, ловевме бод и мислам дека треба да сме задоволни“, изјави Кокшаров.

Следната недела повторно ќе има реприза на дербито во ЛШ, овој пат во Полска, затоа што Вардар гостува кај Киелце.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 8 6 1 1 249:218 31 13
2 МонпелјеМонпелје 8 5 1 2 223:214 9 11
3 ВеспремВеспрем 1 8 5 0 3 267:235 32 10
4 КиелцеКиелце 1 8 4 2 2 248:231 17 10
5 ВардарВардар 2 8 4 1 3 235:252 -17 9
6 ПортоПорто 8 3 2 3 230:240 -10 8
7 Мешков БрестМешков Брест 8 1 0 7 219:251 -32 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 8 0 1 7 232:262 -30 1