Кокшаров: Не заслуживме да загубиме со десет гола од Киелце

Вардар во Скопје го изненади Киелце, но тоа не беше случај и во Полска, каде домаќинот одигра перфектно и со двоцифрена разлика го совлада европскиот првак (35-25). По дуелот, пред медиумите говореше Едуард Кокшаров, кој истакна дека Вардар нема да се предаде.

„Петнаесет минути пред крај бевме во егал, но во последните минуити правевме многу грешки. Не заслуживме да изгубиме со оваа разлика. И покрај тоа, се уште имаме шанси да бидеме во горниот дел на табелата. Честитки на киелце за добрата игра“, изјави Кокшаров.

Следен предизвик за Вардар во ЛШ повторно ќе биде дуел на гостински терен, против Мешков Брест, кој во рамки на оваа рунда исто така убедливо загуби од Веспрем.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4