Кокан: Ова е клучен натпревар, нема да биде лесно во Битола

Екипата на Висла Плок е следниот противник на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите. Полскиот тим гостува во Битола во многу важен меч во битката за последното место кое води во нокаут фазата. 

Пред натпреварот против македонскиот првак своите очекувања ги изнесе Тим Кокан, кој кажа:

„За нас ова е уште еден клучен натпревар. Знаеме дека нема да биде лесно да се игра во Битола пред нивните навивачи и дефинитивно ќе биде комплицирано, бидејќи тие исто така имаат потреба од бодови за да обезбедат место во плеј-офот. Се подготвуваме исто како и секогаш и ќе дадеме сè од себе за да победиме“.

 Средбата меѓу Еурофарм Пелистер и Висла Плок се игра в среда во терминот од 20:45 часот.