• Мартин Танасковски

Урош Којадиновиќ е главниот играч на ракометниот клуб Партизан и на 22 години важи за голем ракометен потенцијал. Во интервју за СЕХА-лигата, десното крило кажа дека белграѓани ги подигнале своите амбиции по победата над Вардар на домашен терен во рамки на регионалното натпреварување.
„Нашата цел пред стартот на сезоната беше да добиеме што е можно повеќе публика во нашата сала и да оставиме добар впечаток. Исто така, целевме и на два добри меча на домашен терен. Генерално, ние сме млад тим. Загубивме во Скопје од Вардар, но дома победивме со повисока разлика. По тој триумф нашите амбиции пораснаа, сега имаме шанси дури и да бидеме први во групата. За мене, СЕХА-лигата е престиж. Ова е една од најдобрите лиги во Европа и светот. Посебно за младите играчи“, изјави Којадиновиќ во СЕХА-интервјуто.
Партизан покрај со Вардар во групата се наоѓа и со Татран Прешов и до крајот на првата фаза има два меча со словачкиот тим, дома и на гостински терен.