• Горан Упале

Со неколку возбудливи натпревари синоќа заврши и втората фаза од новиот формат во Европската лига на ЕХФ и со тоа познати се сите екипи кои ќе играат во елиминационата фаза.
Четири екипи веќе обезбедија директен пласман во четвртфиналето. На еден чекор до учество во фајнал-форот се екипите на Нант, Скјерн, Флензбург и Спортинг.
Останатите осум ќе играат во таканатаречениот плеј-оф, односно осминафинале. Така Кадетен ќе се судри со Фуксе Берлин, Динамо Букурешт со Силкеборг, Хановер со Савехов и последниот осминафинален пар го сочинуваат Нексе и РНЛ.
Овосезонскиот завршен турнир ќе се игра во Хамбург на 25 и 26 мај.