Кој ќе биде поуспешен на крај? Костески и Митков во борба за нај-стрелец во Австрија

Се чини дека Никола Костески го направи вистинскиот потег со напуштањето на Татран Прешов и преселбата во австрискиот шампионат. Привремениот македонски репрезентативец од ова лето ги брани боите на тимот на Линц и уште во својата деби-сезона блесна со своите игри.

Дека игра во фантастична форма говори и фактот што е прв стрелец на тимот оваа сезона и е во сериозна трка за најдобар во австрискиот шампионат. Моментално по 22 одиграни кола е на третата позиција која ја дели со поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков, кој ги брани боите на Брегенц. Двајцата имаат по 129 постигнати гола и зад лидерот Ранфл заостануваат 18 гола. 

  • Листа на стрелци во австрискиот шампионат (прв дел + доигрување):

1. Јулијан Ранфл (ВестВиена) - 112 + 36 = 148 гола
2. Џаков Џекман (Кремс) - 119 + 16 = 135 гола
3. Никола Костески (Линц) - 107 + 22 = 129 гола
4. Влатко Митков  (Брегенц) - 113 + 16 = 129 гола
5. Дание Дикер (Грац) - 103 + 20 = 123 гола

Костески и Митков со своите екипи не успеаја да се пласираат во плеј-офот, па сега се борат за опстанок во прволигашкото друштво.