• Зоран Мишевски

По неуспехот на Светското првенство во Шведска и Полска, хрватската ракометна репрезентација најверојатно ќе добие нов селектор. Како најсериозен кандидат за наследник на Хрвоје Хорват се наведува Горан Перковац, златниот од олимпискиот турнир во Атланта.
Неговото искуство е големо и на играчки и на тренерски план, иако како тренер не ги постигна резултатите што ги имаше како играч. Но, тој има репутација на многу слободоумен човек и може да му ја даде на тимот димензијата што ја загуби во последно време. Нема премногу други домашни кандидати. Според многумина, Славко Голужа бил блиску до враќање на селекторската клупа, но веќе има многу тешка работа во ППД Загреб.
Една од опциите е секако странец да дојде на клупата на Хрватска за првпат во историјата. Пред извесно време се споменуваше токму оваа можност, а кандидати беа Шпанецот Хуан Карлос Пастор и Французинот Патрис Канајер.
Федерацијата мора да дејствува многу брзо, бидејќи Хрватска веќе има евро-квалификациски натпревари против Холандија во март, во кои треба да обезбеди место на шампионатот во Германија следната година.