ВИДЕО: Пастор во конфликт со Парондо и Скубе на прес-конференцијата

Пастор

Реваншот меѓу Вардар и ПИК Сегед заврши во полза на унгарскиот претставник, но нашиот шампион го доби двомечот и обезбеди пласман на турнирот во Келн, кој ќе го даде новиот владетел со европскиот ракомет.

Мечот помина со неколку тензични моменти, а кулминација беше прес-конференцијата на која тренерот на Унгарците, Хуан Карлос Пастор, гневно си замина и не сакаше да дискутира едно новинарско прашање.

На тоа Сташ Скубе, кој заедно со стратегот Роберто Гарсија Парондо го претставуваа македонскиот клуб, му дофрли: „Замини си, не мора да слушаш повеќе, со ова докажуваш за каква личност се работи...“.

Погледнете ја прес-конференцијата во Сегедин:

Вардарци утре ќе го дознаат противникот во полуфиналето. Покрај нашиот гигант, во ждрепката ќе има место за Барселона, Киелце и Веспрем.