Кој до првото место во плеј-офот: Пелистерци фаворити, но никој не зависи сам од себе!

По неделата на жалост продолжуваат ракометните возбудувања во нашата земја. Во следните два дена се играат натпреварите од последното 22. коло на Суперлигата, по кои ќе бидат познати позициите пред плеј-одот и бројот на пренесени бодови.

Еурофарм Пелистер. Вардар 1961 и Алкалоид Ракомет имаат ист број на бодови и сите имаат шанси да го освојат првото место, кое носи бод повеќе од второ и третопласираниот. Ниту една екипа не зависи сама од себе, но најголеми шанси имаат битолчани. Сепак, фокусот е на натпреварот Алкалоид - Охрид в среда во Скопје.

Ова се сите комбинации за првото место:

- Еурофарм Пелистер ќе биде првопласиран ако го победи Прилеп, а Охрид загуби во Скопје од Алкалоид.

- Вардар 1961 ќе биде првопласиран ако ја победи Струга, а Еурофарм Пелистер не победи против Прилеп, или ако ја победи Струга, а Охрид не загуби од Алкалоид.

- Алкалоид ќе биде првопласиран ако го победи Охрид, а Еурофарм Пелистер не победи против Прилеп. 

Натпреварите од разигрувањето за титуоата почнуваат следната среда.