• Мартин Танасковски

Во следната сезона дел од екипата на Вардар ќе биде холандскиот репрезентативец Ларс Коиј. Тој игра на позицијата пивотмен, и ќе остане во Скопје најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Тој е првиот Холанѓанец што потпишува за Вардар, и воопшто прв играч што доаѓа во Македонија од оваа земја.
„Возбуден сум поради мојот трансфер во РК Вардар. Приклучувањето кон еден ваков престижен и докажан клуб е вистинска чест. Навистина сум возбуден поради можностите и предизвиците што ми претстојат. Сакам да ги покажам своите вештини на друго ниво и да научам повеќе и различни работи за да растам како играч. Нестрплив сум да дадам се од себе на теренот и да имам позитивно влијание и на теренот и надвор од него, изјави Ларс Коиј по потпишувањето на договорот.
Вардар 1961 во новата сезона ќе биде дел од групната фаза во Европската лига на ЕХФ.