Кои селекции се фаворити за „вајлд-карта“ за СП во ракомет?

Со комплетирањето на вчерашните бараж-двомечи, познати се скоро сите учесници на Светското ракометно првенство, на кое по деветти пат ќе настапи и Македонија. 

Светската ракометна асоцијација (ИХФ) треба да подели уште една или две „вајлд-карти“ со кои ќе се комплетираат сите селекции на Мундијалот. Ако Нов Зеланд не се пласира на шампионатот, се отвора простор за втора покана за големиот собир.

Србија веќе поднесе барање, а се пријави и Саудиска Арабија. Се очекува истото да го сторат Црна Гора и Швајцарија. Конечната одлука се очекува да биде донесена на почетокот на јуни. 

Светското првенство за ракометари ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година. Домаќини ќе бидат Хрватска, Норвешка и Данска. Нашата „Фаланга“ сигурно силно посакува група во Хрватска, за повторно да се прикаже во свое светло и да изврши навивачка инвазија.