Кои ракометари ја одбележаа ланската сезона на Бундеслигата?

Со три натпревари, вечерва и официјално започнува новата сезона на германската ракометна елита – Бундеслигата, која за многумина ќе биде една од најнеизвесните во последните години. Флензбург, Кил, Рајн Некар Левен, Магдебург и оваа сезона се меѓу првите фаворити за престижниот ракометен трофеј, но никако не смее да се изостават Фуксе Берлин и Мелсунген

Бундеслигата веќе долги години е апсолутен лидер кога во прашање е квалитетот на лигата, секој ракометар сонува да биде дел од ова натпреварување, кое низ годините наназад носеше големи возбудувања, атрактивни натпревари, многу солзи и многу радости. 

Речиси во секоја нова сезона блеснува по некој нов ракометар, а ланската ја одбележаа ракометарот на Мегдебург, Матијас Муше, Фабијан Вајде и Силвио Хајневетер од Фуксе Берлин. 

Соиграчот на нашиот Филип Кузмановски, Муше сезоната ќе ја започне како „крал“ меѓу стрелците од ланската сезона (256), Вајде беше најдобриот асистент (133), додека Хајневетер беше голманот со најмногу интервенции (327). 

Овогодишната сезона стартува со „македонско дерби“ меѓу Кузмановски и Талески (Магдебург – Балинген), Линген против Бергишер и Вецлар на Миркуловски против Лемго. Сите натпревари започнуваат од 19:00 часот.