• Мартин Танасковски

Европскиот првак Вардар успеа да забележи уште една победа во ЛШ над Кристијанштад во Скопје, која ќе влезе во историјата како највисока на „црвено-црните“ во историјата на ракометната елита.
Како домаќин, Вардар одигра импресивно против шведскиот шампион како никогаш досега и славеше со високи 31-15 (14-8), што е највисока победа во досегашните настапи во елитата на македонскиот тим.
Претходно, рекордот на Вардар изнесуваше победа од 13 гола, над Вакер Тун во Швајцарија, во 2013 година (24-37).