Кога не сака, не сака: Томовски фати два зицери во последна минута, но немавме среќа! (ВИДЕО)

Ракометарите на македонската селекција ремизираа против Португалците (29-29) во неверојатна драма во вториот натпревар на Европското првенство. 

Кулминација на драмата беше последниот двоен напад на Португалија кој траеше минута и половина. Во тоа време, нашата одбрана покажа неверојатна компактност, меѓутоа и голманот Мартин Томовски беше неверојатен и фати два зицери. Сепак, немавме среќа бидејќи по првиот топката излезе во аут и Португалците останаа во напад.

Откако и вторпат Томовски фати зицер, топката се одби во аголот до Мартин Серафимов, а нему му се лизна и ривалот остана во посед. 

На крајот, одбраната пак се истакна и го запре последниот налет, кога Португалија тргна „седум на шест“.