Кога ќе се разбрани, на противникот му нема спас – Митревски МВП и во ЛШ

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски со својот Порто ја запиша првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите. По неочекуваниот пораз од Елверум на свој терен, вечерва португалскиот шампион беше надмоќен против Мешков Брест и го совлада со сигурни 27-25. 

Токму Митревски беше еден од клучните фактори на Порто во вечерашната победа, затоа што повторно блесна меѓу стативите. Кога беше најпотребно беше на ниво и го чуваше својот гол, а натпреварот го заврши со двоцифрен број на интервенции, тринаесет. 

Вечерашната партија на поранешниот голман на Еурофарм Пелистер е само потврда на неговата одлична форма во која ја отвори новата сезона, откако пред само неколку дена во домашниот шампионат против Маиа Исмаи не беше совладан цели 18 минути и собра вкупно 20 интервенции.

<<< ПОВРЗАНО - Никола Митревски не прими гол 18 минути и ја собра МВП-наградата

Инаку, во редовите на португалскиот тим најпрецизни беа Мартинс, Родригез и Мегањес, додека кај белорускиот шампион кој во првото коло среќно го доби Вардар прв стрелец беше Паниќ со девет гола.