Кобетиќ: Ни самите не знаеме што ни се случи во последните десет минути! 

Битолски Пелистер за малку со голема сензација ќе ги стартуваше настапите во плеј-офот на Суперлигата, откако цели 50 минути беше во игра за победа против Металург, но на крај вицешампионот искусно ги запиша првите бодови во домашниот шампионат (28-26). 

Еден од најдобрите поединци на „зелено-белите“ Марко Кобетиќ (осум гола) по мечот истакна дека и самите не знаат што им се случи во последните десет минути и се надева дека со добра анализа тие грешки ќе се поправат на следните натпревари. 

„Одигравме многу тежок натпревар против тим кој долги години се натпреварува во Лигата на шампионите и СЕХА лигата. Цели 50 минути игравме добри и им париравме на домаќинот, но што се случи во последните десет навистина не знаеме ни самите. Треба добро да го анализираме овој меч и да ги поправиме грешките на следните натпревари“, изјави хрватскиот бек. 

Вториот предизвик за битолчани во плеј-офот ќе биде домашен дуел против тимот на Бутел, кој вчера исто така забележа пораз од Пролет. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 3 2 0 1 92:80 12 6
2 ВардарВардар 2 2 0 0 63:54 9 6
3 МеталургМеталург 3 2 0 1 85:84 1 6
4 ПелистерПелистер 3 1 0 2 81:88 -7 3
5 Пролет 62Пролет 62 3 1 0 2 78:88 -10 3
6 Бутел СкопјеБутел Скопје 2 0 0 2 51:56 -5 0