Кобетиќ го напушти Дубровник и потпиша за словенечки Марибор

Се сеќавате ли на хрватскиот среден бек Марко Кобетиќ, кој во македонскиот ракомет ги носеше дресовите на Охрид и Пелистер? Токму тој од денес има нова средина.

Кобетиќ до крајот на сезоната ќе игра за словенечкиот Марибор и ќе се обиде да биде додадена вредност во екипата која е трета по квалитет во словенечкиот ракомет.

Целје и Горење остануваат поквалитетни и со изразени желби за титулите во словенечкиот ракомет, а Марибор од втор план ќе се обиде да ги изненади. 

Кобетиќ првиот дел од сезоната ја мина во хрватскиот прволигаш Дубровник.