Клубот на Талески ризикува распад заради пандемијата од ковид-19

Moжеби гигантите не ризикуваат распад со кризата од пандемијата од ковид-19, но помалите клубови се соочуваат со многу тешки денови. Германскиот ракомет важи за еден од најстабилните и клубовите се најорганизирани. Но, сепак и покрај преземање на мерки, некои клубови ризикуваат распад. Бундеслигашот Балинген, клубот на нашиот Филип Талески се соочува со големи проблеми. Како да не се доволни проблемите со опстанокот, сега коронавирусот ризикува да го распадне клубот.

Волфганг Стробел, извршниот директор на Балинген, ги вознемири фановите на клубот со изјава за домашните медиуми.

„Веќе немаме приходот потребен за опстанок на клубот. Се соочуваме со многу предизвици, а верувам дека нашиот тим и тренерите со совесноста ќе придонесат за надминување на кризата“, изјави Штробел.

Тренерите и ракометарите веројатно ќе се откажат од своите примања за клубот да преживее. Бундеслигата и натаму е суспендирана и неизвесно е дали и кога ќе продолжи. Реална опција е шампионатот да биде прекинат, но дали ќе биде именуван шампион или не, ќе се знае деновиве.