• Саше Љолес
Германскиот ракометен гигант, Магдебург, се најде во проблеми откако неколку играчи се повредија настапувајќи за своите репрезентации на Олимписките игри во Париз.
Тимот на Бенет Вигерт остана без една од најголемите ѕвезди, Феликс Клар, по што управата мораше да бара алтернативни решенија за почетокот на новата сезона. Во Магдебург веднаш пристигнува одличниот Швајцарец, Мануел Зендер, кој минатата година беше најдобар стрелец во Бундеслигата со вкупно 277 голови.
Се очекува да биде огромно засилување за тимот, а Магдебург за неговите услуги мораше да исплати сума од 400.000 евра.