КЛ7 кај Астраион ја грабна третата победа во Суперлигата

Најмладиот македонски суперлигаш КЛ7 славеше на гости кај Астраион (25-33) и ја прокнижи третата победа во деби-сезоната во македонската ракометна елита, Суперлигата.

  • Комплетниот натпревар на Астраион и КЛ7:

Избраниците на Бошковски ја имаа контролата на игра во текот на целата средба и заслужено му се радуваат на гостинскиот триумф. Домаќинот кој беше видно ослабен поради отсуство на ракометари тешко даваше отпор, константно бркаше резултат, но ниеднаш не дојде близу до ривалот од Скопје.

Уште на стартот КЛ7 направи серија, се одлепи на 3-9 и се беше полесно. Астраион до полувремето се доближи на три гола негатива (11-14), потоа беше и 17-21, но најмладиот тим не дозволи да ја загуби оваа веќе добиена средба. КЛ7 константно водеше, Астраион ниеднаш не спушти под четири гола, а финалниот резултат изнесуваше високи 25-33.

Најдобар кај победникот беше Буторац со девет гола, Ѓоргиев имаше шест, а Гајиќ постигна пет погодока, додека кај струмичани најмногу се истакна Караиванов со девет постигнати гола.